
Во фабрика во источна Кина, нова генерација роботи за заварување со вештачка интелигенција (ВИ) излегува од производствената линија со брзина од илјада единици годишно.
Овие роботи помагаат да се пополни огромната празнина предизвикана од недостигот на квалификувани заварувачи, осигурувајќи дека најголемиот производствен сектор во светот ќе го продолжи своето наследство.
Повеќе од само замена – недостиг од 3,5 милиони работници
Кина се соочува со национален недостиг од речиси 3,5 милиони заварувачи. Аналитичарите од индустријата предвидуваат потенцијален пазар од 1,4 милион паметни роботи за заварување, врз основа на стапката на замена од два и пол работници по робот.
ВИ што „имитира човечко расудување“
Во меѓувреме, технолошка фирма од Пекинг лансираше модел на вештачка интелигенција за заварување што овозможува роботизирано донесување одлуки во целиот процес, скратувајќи го времето за развој на процесот на заварување за приближно 60 проценти.
– Ова им овозможува на роботите за заварување да имитираат човечки, експертски расудувања, што ги прави извонредно интелигентни – рече Хан Тенгјуе од „Ботсинг технолоџи“.
Иницијативата „АИ Плус“
Овие напори се дел од поширокиот напор на Кина за вметнување интелигенција во својата индустриска база. Земјата, која е водечки светски производител 15 години по ред, веќе поседува повеќе од 50 отсто од глобалната инсталирана база на индустриски роботи.
Оваа автоматизација генерира огромно количество податоци, создавајќи идеални услови за интеграција со вештачка интелигенција. Кинеските власти објавија иницијатива „АИ плус“, која има за цел длабока интеграција на ВИ со реалната економија и стапка на пенетрација од повеќе од 70 проценти за апликации од новата генерација до 2027 година.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден







