во ,

Конечно револуција во македонското здравство: Дигитализиран и целосно модерен здравствен систем

„Здравството не се менаџира со инерција, туку со логика, дисциплина и со податоци.“

По повод една година од работењето на Владата, министерот за здравство, Азир Алиу, ги презентираше клучните постигнувања. Тој ги најави и новите иницијативи во здравствениот систем. Иако на функција е нешто повеќе од еден месец, Алиу уверува дека веќе се поставени темелите за системски пристап.

Измени на 12 закони и дигитализација

Министерството почнало со подготовка на измени на 12 основни закони. „Нашата визија за активно здравство е систем што однапред е планиран,“ истакна тој. „Во развој е дигитализацијата на здравството. Таа не е луксуз, туку нужна алатка за отчетно и ефикасно здравство.“

Супер Летен Попуст

„Здравствениот систем не смее да се води со претпоставки. Иднината е здравство што се проценува врз основа на податоци,“ додаде министерот.

Повисоки плати и вработување на 600 млади лекари

Како една од најважните мерки, министерот ја посочи одлуката за зголемување на платите. Платите на здравствените работници се зголемуваат за 4.815 денари нето кај медицинскиот персонал. И за 6.200 денари за медицинските сестри. „Ова е порака дека државата стои зад тие што се грижат за здравјето,“ нагласи Алиу.

Дополнително, со решавањето на статусот на приватните специјализанти, се вработуваат 600 млади лекари. Првата група од 300 лекари веќе ја завршува процедурата. Повикот за втората група е веќе објавен.

Нова позитивна листа, „Отворен кабинет“ и милионски инвестиции

По цели 10 години, конечно е ажурирана и позитивната листа на лекови. Министерството воведе и нова електронска алатка за пријавување неправилности. Досега реагирале 39 граѓани, а најчесто се пријавува непрофесионално однесување и барање мито.

Во изминатата година се инвестирало и во реконструкција на здравствени установи. Се реконструираат клиниките за гинекологија и инфективна. Целосно се реновирала и Психијатрија. Во тек се реконструкции и во болниците во Тетово, Гостивар, Велес и Прилеп. Особено значајно е отворањето на нова клиника во општина Илинден. Владата усвои и буџет за изградба на два нови објекти во Тетово.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Владата со нова, револуционерна мерка: Ќе се ангажираат 400 невработени лица за плата од 24.000 денари месечно да гаснат пожари

Голем скандал во македонското здравство: Стигнале и првите пријави за мито побарано од страна на медицинари!