
Граѓани пријавиле барање на мито од страна на медицинари.
Ова денеска го кажа министерот за здравство, Азир Алиу. Сепак, тој посочи дека овие случаи засега не се пријавени до правосудните институции. Тој објасни дека Министерството прво ќе ги провери пријавите, па потоа ќе одлучи што ќе прави понатаму.
-
Балтазар
699 ден
524.25 ден
Министерот Алиу одби да каже кои клиники биле пријавените. Исто така, тој не сакаше да одговори ниту на прашањето дали се од скопскиот Клинички центар. Тој побара трпение од јавноста.
„Ова е прва фаза, не е добро да именуваме клиники. Ќе нè оставите недела-две да го провериме ова,“ рече Азир Алиу. „Имаме методологија, свесни сме дека кога креираме систем, ние мора да одговараме за него,“ додаде министерот за здравство.


