во ,

Кралот на океанот стана плен: Oрките ги ловат големите бели ајкули за црниот дроб

Големите бели ајкули се страв и трепет во океаните, предатори на врвот на синџирот на исхрана. Сепак, и тие станале плен, открија научниците.

Досега беше забележан само еден вид кој лови големи бели ајкули, а тоа се орките (китови-убијци). Ова однесување досега беше забележано само во близина на брегот на Јужна Африка, но таму орките претпочитаат да ловат возрасни ајкули. Меѓутоа, научниците сега открија специјализирано јато орки во Калифорнискиот Залив кое напаѓа млади ајкули, ги превртува и им го вади црниот дроб, кој е богат со енергија, за да го подели со јатото.

Ова јато, познато како „јатото на Монтезума“, можеби ги користи потоплите води (поради климатските промени) кои ги менуваат подрачјата каде што се мрестат ајкулите, за да ги лови младите единки кои немаат доволно искуство да побегнат.

Повеќе од само напад – софистицирана стратегија

„Ова однесување сведочи за напредната интелигенција на орките, стратешкото размислување и софистицираното социјално учење, бидејќи техниките на лов се пренесуваат од генерација на генерација“, рече морскиот биолог Ерик Хигера Ривас, главен автор на студијата.

Научниците детално снимиле како пет орки бркаат млада бела ајкула, ја принудуваат да излезе на површината и заеднички ја превртуваат. Кога ајкулата ќе се преврти на грб, таа паѓа во состојба на „тонична неподвижност“, која ја парализира. „Оваа привремена состојба ја прави ајкулата беспомошна, што ѝ овозможува на орката да ѝ го извади хранливиот црн дроб“, објасни Хигера.

Наивниот плен и промената на климата

„Ова е првпат да видиме орки како постојано и намерно напаѓаат млади бели ајкули“, рече д-р Салвадор Јоргенсен, коавтор на студијата. „Возрасните бели ајкули брзо реагираат на орките и ги напуштаат подрачјата со месеци. Но, овие млади бели ајкули можеби се наивни во врска со орките. Сè уште не знаеме дали реакциите за бегство се инстинктивни или мора да се научат.“

Промените во климата, како Ел Нињо, можеби ги промениле подрачјата каде што се мрестат белите ајкули и го зголемиле нивното присуство во Калифорнискиот Залив, со што станале полесен и подостапен плен за ова јато орки.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Научниците го создадоа „Сем, гоблинот од каучот“, вака ќе изгледаме во 2050-та

Човекот-чудо кој излезе од огнениот пекол сега ја тужи „Ер Индија“ за игнорирање