
Преспанското Езеро годинава е во фокусот на значаен археолошки настан, откако за првпат во овој регион беа реализирани подводни археолошки истражувања, кои донесоа исклучително вредни откритија за културното наследство на Северна Македонија.
Во рамките на проектот ACT4PRESPA, реализиран од НУ Завод и музеј – Битола и невладината „Љубојно“, евидентирани се 11 локалитети, а најзначајните наоди доаѓаат од селото Наколец.
-
Верувај во себе
699 ден
524.25 ден

Поради повлекувањето на езерото, археолозите успеале да истражат делови кои претходно биле под вода, откривајќи остатоци од дрвена палисада и ретки предмети од органски материјал (дрвени алатки, рачки, чешли) кои датираат од крајот на 13. и 14. век. Ова е прв пример на зачуван благороднички имот од овој период во македонската археологија, зачуван благодарение на тињата без кислород.
Интересно е што првичните анализи покажуваат дека тогашните жители биле примарно земјоделци, а не рибари, што укажува дека езерото во минатото било помало. Пронајдените органски материјали се испратени на конзервација во специјализираниот Лајбниц-центар во Германија.


