во ,

Таткото и синот од масакрот во Бонди лажеле дека одат на риболов: „Мамо, само што нуркавме“

Таткото Саџид (50) и синот Навид Акрам (24), одговорни за грозоморниот масакр на плажата Бонди во кој загинаа 15 лица, на своето семејство му кажале дека викендот ќе го поминат на риболов во Џервис Беј.

Истрагата открива морничави детали: во нивниот автомобил е пронајдено знаме на Исламска држава и импровизирани експлозиви, а се проверува и нивното неодамнешно патување на Филипините поради сомнеж за контакти со терористички ќелии.

Супер Попуст -25%

Таткото поседувал легална дозвола за оружје од 2015 година и поседувал шест парчиња огнено оружје. Тој бил член на ловечкиот клуб „Застава“ во Сиднеј, кој го водат припадници на српската заедница, а членска карта од истиот клуб била најдена и кај синот. Двајцата вежбале пукање на стрелиште пред нападот.

Австралискиот премиер Ентони Албаниз потврди дека помладиот Акрам бил „на радарот“ на безбедносните служби уште во 2019 година, но тогашната проценка била дека не претставува закана. Иако мотивот се поврзува со екстремистичка идеологија, полицијата сè уште истражува дали нападот бил директно насочен кон еврејската заедница за време на прославата на Ханука.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Локалитет кај Наколец: Прв доказ за благороднички имот зачуван во езерската тиња

Умеров од Берлин: Постигнат е реален напредок во мировните преговори со САД