
Филип Ваневски, студент на Факултетот за Спорт при Универзитетот во Љубљана, го освои третото место на овогодинешното државно натпреварување во Словенија за “Street Workout Sets and Reps”. Во категоријата body weight sets and reps, Ваневски успешно се пласираше на пиедесталот, гордо носејќи го македонското знаме.
Супер Попуст -25%
-
La Linea v13
699 ден
524.25 ден

На натпреварувањето учествуваа 23 натпреварувачи, кои се натпреваруваа во две различни дисциплини, а настанот се одржа во главниот град на Словенија, Љубљана, под организација на Street Workout Slovenija.
Овој успех е голема гордост и мотив за младите спортисти од Македонија.



