во ,

Тажна вест од ЗОО Скопје: Почина лавот Жика на 16 години

Скопската Зоолошка градина денеска со голема тага објави дека лавот Жика, кој беше омилен меѓу посетителите, почина на 16-годишна возраст. Жика, кој пристигна од белградската зоолошка градина, ја надмина просечната животна возраст за лавовите, кои во природа живеат од 10 до 14 години.

Супер Попуст -25%

Изминатата година, Жика разви тумороидни израстоци на телото, по што беше подложен на хируршка интервенција од страна на тим ветеринари и професори од Факултетот за ветеринарна медицина. И покрај успешните операции, неговата состојба се влоши во последните два дена, а лавот примаше терапија. За жал, тимот не успеа да го спаси.

Жика, со својата грациозност и величенствена грива, беше вистинска ѕвезда на ЗОО Скопје, обожаван од децата, возрасните и вработените. Неговата смрт претставува голема загуба за сите.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Витамин Ф: Ретко споменуван, но исклучително важен за телото

Македонецот Филип Ваневски освои бронза на “Street Workout Sets” во Словенија