
Спартак Москва извојува победа со 2:0 над ЦСКА на гостински терен во дерби натпреварот од 14. коло на руската Премиер лига, но средбата остана запаметена по жестоката тепачка на теренот.
-
La Linea v5
699 ден
524.25 ден
Спартак поведе во последната минута од првото полувреме, кога Бонгонда успеа да постигне гол по асистенција од Пруцев, носејќи ја својата екипа со предност на полувреме. Но, почетокот на второто полувреме донесе вистински хаос – во 52. минута, фудбалерот на ЦСКА, Бразилецот Вилиан Роша, започна физичка пресметка со дефанзивците на Спартак, Руслан Литвинов и Срѓан Бабиќ. Инцидентот заврши со раскрварена усна за Бабиќ.
Почему UFC до сих пор не купил права на РПЛ? pic.twitter.com/NClc3UuPhL
— СВЕТОЧ (@AnatoByshovets) November 2, 2024
Главниот судија немаше друг избор освен да ги исклучи Роша и Литвинов од натпреварот, додека Бабиќ и Наил Умјаров добија жолти картони. Нервозата продолжи до крајот на натпреварот, кога фудбалерот на ЦСКА, Иван Обљаков, беше исклучен по добиениот втор жолт картон.
Конечниот резултат го запечати Парагваецот Хесус Медина во 9. минута од надополнувањето, обезбедувајќи убедлива победа за Спартак.


