
Договорени финансиите за раст на платите
Информацијата за подобрување на стандардот на армиските припадници доаѓа по интензивните преговори со синдикалните здруженија кои застапуваат 99,9 отсто од вработените. На заедничката прес-конференција со началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, министерот откри дека на средба со министерката за финансии веќе се договорени средствата неопходни за овој чекор.
-
Те сакам како пивото
699 ден
524.25 ден
„Многу наскоро ќе ги слушнете убавите вести. Ќе треба да го преработиме буџетот, бидејќи ќе добиеме дополнителни средства. Моја цел е Министерството за одбрана и Армијата да бидат најдобрата институција“, истакна Мисајловски, додавајќи дека новиот колективен договор ќе унапреди околу 20 члена од постоечкиот.
Министерот посочи дека колективниот договор сега максимално се почитува, со цел да се стави крај на масовните тужби кои со години го исцрпувале буџетот. Само во последните две години се исплатени преку 26 милиони евра по основ на судски пресуди за побарувања кои датираат уште од 2019 година.
Модернизација: Нови хеликоптери, дронови и униформи
Освен подобрувањето на животниот стандард на војниците, буџетот за одбрана за следната година предвидува силен инвестициски циклус и капитални инвестиции низ целата држава. Планирана е изградба на нов Дом на АРМ, како и модернизација на објектите во сите касарни.
„Се заложивме заедно со началникот за програмата НАТО модернизација да има дополнителни средства. Ќе набавиме сосема нова борбена униформа, предвидовме дополнителни средства за купување на дронови и анти-дрон системи, а веќе следниот месец се очекува да пристигнат и два нови хеликоптери“, најави Мисајловски.


