во ,

‘Мислевме дека глумат’: Како чешките специјалци ја промашија целта за цела зграда

‘Мислеа дека статистите добро глумат’: Специјалци упаднаа во погрешна школа во Чешка и ги преплашија децата

Вежба на чешката полиција во градот Варнсдорф се претвори во вистинско фијаско кога специјалци, вооружени и маскирани, по грешка упаднаа во погрешна школа, предизвикувајќи масовна паника меѓу учениците и професорите. Она што требало да биде рутинска симулација на апсење напаѓач, стана пример за бирократски хаос и комуникациски прекин, што за малку ќе имаше трагични последици.

За сите храбри борци

Инцидентот се случил во четвртокот, кога полициските сили требало да вежбаат во зграда на поранешно основно училиште. Но, наместо тоа, првата единица, без никаква најава, влегла во соседната гимназија. „Полицајците заѕвонија на вратата, а кога им отворил домарот, едноставно влетаа внатре. Професорите и учениците беа шокирани, не знаеја што се случува“, објасни градоначалникот на Варнсдорф, Јан Шимек.

Најбизарниот дел од приказната е што самите специјалци, во својата наивност, верувале дека паниката на децата и професорите е дел од сценариото. „Полицајците, од друга страна, мислеа дека тоа се статисти и дека само добро глумат“, додаде Шимек. Дури по неколку минути, кога хаосот ескалирал, сфатиле дека нешто не е во ред, а командантите ги известиле дека се во погрешна зграда.

Никој во гимназијата не бил известен за вежбата – ниту вработените, ниту учениците. Оваа клучна пропуст во комуникацијата, заедно со фактот дека полицијата не можела да ја разликува едната училишна зграда од другата во истиот комплекс, е причината за целиот инцидент. Заменик-градоначалникот Јиржи Сухарда се обиде да ја намали тензијата, велејќи дека „не е пријатно, но се случуваат и полоши работи“, но сепак призна дека „првата единица едноставно ги помешала објектите“.

Чешката полиција веднаш се извини за грешката, наведувајќи дека се работи за „човечка грешка“. Директорот на полициската управа Дечин директно контактирал со раководството на училиштето, изразувајќи жалење за непријатностите. И покрај брзото извинување, инцидентот остава сериозни прашања за безбедносните протоколи и комуникацијата во вакви чувствителни ситуации, особено кога станува збор за училишта и деца.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трета среќа за Украинците: Повторно го погодија ‘срцето’ на Роснефт во Рјазан

Еден пар стаорци може да роди МИЛИОН потомци за 18 месеци, а Скопје им даде совршени услови