во ,

Мислела дека е труење со храна, а потоа откриле опасен паразит

Она што првично изгледало како обично труење со храна, кај една американска тиктокерка се претворило во инфекција со паразит и неколкунеделна борба со сериозни стомачни тегоби.

Американската TikTok креаторка и гастро-критичарка Кристина Харт (29) сподели искуство за кое вели дека целосно ѝ го променило животот.

Супер Попуст -25%

Сè започнало како нешто што личело на обично труење со храна, но подоцна лекарските тестови покажале дека станува збор за инфекција со паразитот Cyclospora, кој предизвикува циклоспоријаза.

Мислела дека симптомите брзо ќе поминат

Харт, која на TikTok објавува содржини за локални ресторани, во првите денови очекувала тегобите сами да исчезнат.

Откако симптомите продолжиле околу една недела, побарала лекарска помош. Тестирањата потврдиле дека има циклоспоријаза.

„Бев болна речиси четири недели. Најтешко беше тоа што се плашев да излезам од дома бидејќи никогаш не знаев кога повторно ќе почнат симптомите“, раскажала таа.

За време на болеста изгубила 17 килограми

Според нејзиното сведоштво, во текот на болеста изгубила околу 17 килограми, главно затоа што речиси не можела да јаде.

Имала и изразена надуеност, а здравствената состојба ја принудила привремено да престане со снимање содржини за социјалните мрежи.

Стравувала дека ќе ѝ заврши кариерата

Во еден момент Харт мислела дека болеста сериозно ќе влијае врз нејзината кариера. Сепак, откако јавно проговорила за искуството, добила голема поддршка од следбениците.

Бројот на луѓе што ја следат дополнително пораснал, а таа вели дека денеска е целосно закрепната и повторно создава содржини.

Како се пренесува Cyclospora?

Паразитот Cyclospora најчесто се пренесува преку контаминирана храна или вода. Како можни извори на зараза се посочуваат различни свежи производи, меѓу кои и зелена салата.

Можните симптоми вклучуваат продолжена воденаста дијареја, стомачни грчеви, мачнина, намален апетит и исцрпеност. Кај некои лица тегобите може да траат со недели.

При подолготрајни или сериозни стомачни симптоми, особено ако има знаци на дехидратација или нагло влошување, потребно е да се побара медицинска помош.

Сподели:
Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Дали газираната вода дебелее? Одговорот не е она што многумина мислат

Мирно сафари се претвори во бегство: Нилски коњ тргна по туристите