Никогаш не можеме да знаеме што има во дивината кога нема никој наоколу, освен ако не ставиме скриена камера за да следиме што се случува. Токму тоа и го направил фотографот Џеф Вирт кој сакал да го фати на камера живиот свет во шумичката блиску до неговиот дом во Вашингтон Стејт. Кога ги разгледувал неодамнешните фотографии, пронашол нешто многу посмешно отколку било што што би очекувал. Случаен минувач ја заприметил камерата и испозирал лежејќи врз замовено дрво! Човекот среќно и убаво позира во поза како пинап моделите.
Намерата на Вирт била да фотографира интересен див свет. Тој вика:
-
Хемија
699 ден
524.25 ден
„Пред неколку месеци истражував блато направено од страна на дабари во близина на мојот дом. Забележав големо паднато дрво покриено со остатоци од рис. Сакајќи да го фотографирам рисот, следниот ден се вратив со камера. Се враќав еднаш неделно да ѝ менувам батерии и мемориска картичка на камерата. Досега имам фатено фотографии од ракуни, ласици, рисеви и птици.“
По некое време помеѓу сликите се појавил и мистериозниот позер, на кој што Вирт му се израдувал и се насмевнал. Позерот не оставил контакт информации за да му се пратат фотографиите, но бидејќи тие станаа вирални на интернет, за брзо се откри кој е човекот. Всушност, тој работел со теренско менаџирање на инвазивни видови на растенија околу потокот каде што Вирт фотографирал.
Подоле е фотографијата од мистериозниот позер:

Еве и една фотографија од рисот поради кој што камерата била на прво место поставена:

А, бидејќи фотографиите станаа вирални на Интернет, некој генијалец ги споил во Аниморфис стил:

-
La Linea v3
699 ден
524.25 ден -
Вонземјанин
699 ден
524.25 ден -
Јога шимпанзо
699 ден
524.25 ден -
La Linea v12
699 ден
524.25 ден -
La Linea v23
699 ден
524.25 ден -
La Linea v11
699 ден
524.25 ден








