во ,

Мицкоски во улога на стројник: Се воведува данок за ергени и за стари моми!

Во својата најнова „државничка борба“ за спас на нацијата од белата чума, премиерот Мицкоски најави дека немажените девојки и неженетите момци наскоро би можеле да бидат оданочени.

Оваа креативна мерка, како што рече премиерот, е дел од сериозните размислувања за справување со демографската криза. Очигледно, ништо не го поттикнува наталитетот како нов данок. Изјавата е дадена на настан за демографски трендови.

Операција „Направи бебе“: Морков за едни, стап за други

И додека државата, во улога на Купидон, размислува за овој „романтичен данок“, таа подготвува и награди за оние кои веќе се во игра. Вработените мајки ќе добиваат поврат на данок на личен доход за прво и второ дете. Исто така, сите жени ќе можат да добијат и бесплатно ин витро оплодување, како што најави министерот Фатмир Лимани.

Реклама

Владата планира и еднократна финансиска поддршка за новороденчиња. Сумите, се разбира, ќе зависат од тоа колку пари ќе останат во буџетот откако ќе се соберат казните, пардон, даноците од самците.

Демографска статистика или само добра причина за нов данок?

Премиерот Мицкоски потенцираше дека состојбата е алармантна. Тој го спореди демографскиот пад со исчезнување на цел еден град. Според него, претходните влади го ставале овој проблем под тепих. Сега, тепихот се крева, а под него се појавува нов данок.

Тој рече дека ова не се само бројки, туку „тишина што се шири“. И дека тоа е резултат на „рушењето на семејството“ од страна на минатата влада. Затоа, време е за држава во која ќе се раѓаат повеќе деца, дури и ако тоа мора да се стимулира со даночни мерки.

Внатрешни противречности: Координаторот не се согласува со премиерот

Интересно е што додека премиерот подготвува даночни решенија за љубовните животи на граѓаните, неговиот сопствен Национален координатор за демографија, Владимир Ѓорчев, има малку поинаков став. Ѓорчев посочува дека државата не треба да се меша во приватните животи. И во личната одлука кој колку деца сака да има.

Останува да видиме чиј став ќе надвладее во оваа семејна драма. Дали оној на премиерот кој сака да оданочува, или оној на координаторот кој смета дека тоа не е работа на државата.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Костадинов со повик до струмичани: Размислува за независна кандидатура и две советнички листи

Данокот „Самачко блаженство“: Скромен предлог од влада на која ѝ се брза