во ,

Мицкоски разоткри сè: Бугарија ни го бара идентитетот, Уставот е само изговор!

Мицкоски ја крена завесата: Уставот е само „предястие“, Софија е гладна за македонскиот идентитет!

Премиерот Христијан Мицкоски конечно отворено проговори за она што со години се шепотеше низ политичките кулоари, посочувајќи дека фамозните уставни измени се само врвот на ледениот брег од бескрајните бугарски уцени. Во една класична балканска трагикомедија, се испостави дека Софија не бара само внесување на неколку стотини Бугари во нашиот највисок правен акт, туку има сериозен апетит кон целосно прекројување и бришење на македонскиот национален идентитет, нешто што сега, по долги години криење под тепих, конечно го забележа и вечно „изненадената“ Европа.

Европска бајка за домашна употреба

Супер Попуст -25%

Овие политички ултиматуми, кои претходната власт упорно ни ги продаваше спакувани како „историски европски успех“, всушност се наоѓаат на преговарачката маса уште од 2022 година. Граѓаните беа држени во комплетен мрак, додека секојдневно им се сервираа шарени лаги за брз и безболен влез во европското семејство, само за да се прикрие горчливата вистина дека т.н. историска комисија воопшто нема некаква небитна формална улога, туку претставува вистински политички егзекутор на македонската историја. Премиерот прецизно го лоцираше изворот на овие тригодишни манипулации:

„За нив работата на историската комисија е суптинска, не се тоа нови барања, тоа се барања од самиот почеток. Тоа се барања од 2022 година, тоа што се обидува некој да ги манипулира граѓаните и јавноста во Македонија, тоа е друга тема. Ова се барања кои ние ги видовме упте во 2022 година и затоа рековме дека сме против. Само што чекавме три години за да тие барања ги слушне цела Европа, светот, но и тие граѓани кои за жал беа жртви на манипулативната политика на поединци. Ова не се нови барања, истите барања се, работата на историската комисија не е формална, таа е суштинска и не е првпат тоа ние да го слушнеме на тие разговори.“

Гоце Делчев и Илинден не се за на пазар

Апсурдот на бугарските барања достигнува вистинска кулминација кога ќе се споменат клучните историски столбови на нашата нација, бидејќи за Софија, Гоце Делчев и Илинденското востание очигледно имаат сосема различен, екслузивно бугарски предзнак. Додека ние со право си ги славиме нашите национални револуционери, нашиот источен сосед отворено бара да потпишеме историска капитулација и да се согласиме дека нашите предци всушност биле нешто сосема друго, што е непремостлива пречка која дефинитивно не може да се реши со обични куртоазни дипломатски насмевки. Мицкоски јасно ја исцрта црвената линија:

„За нив работата на историската комисија е суптинска, немаме исто гледање на идентитетските прашања. За нас Гоце делчев е идентитетот македонски, за нив не е, за нив е дел од бугарскиот идентитет, за нас Илинденското востание е дел од македонскиот идентитет, за нив не е, за нив е преображенско востание. Тоа се суштински прашања кои за жал се присутни од 2022, не се нови барања.“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крај за туѓите коментатори: Арена Спорт прозборе на македонски!

Задкулисна дипломатија: Што бараа тројцата клучни европски амбасадори во руското МНР