Германската полиција издаде налог за апсење на 20-годишен државјанин на Сирија по брутален напад.
Нападот се случил во четвртокот попладне во брз воз во близина на местото Штраскирхен, во Баварија. Младичот за време на возењето нападнал повеќе лица со чекан и секира. Четири лица се здобиле со тешки телесни повреди.
Како се случил нападот?
Полицијата објави дека станува збор за Сириец со престој во Австрија. Тој веќе ѝ е познат на полицијата таму. Сè почнало кога 20-годишникот почнал сомнително да се однесува. Тоа го привлекло вниманието на другите патници.
Еден 38-годишен маж се обидел да повика помош, но напаѓачот тогаш физички го нападнал и го повредил. Потоа, напаѓачот се нафрлил на сириско семејство од Долна Саксонија. Тој повредил три члена од семејството.
Храбра реакција на патниците
За време на судирот, напаѓачот останал без чеканот. Наводно, 24-годишниот син од нападнатото семејство успеал да му го одземе. Потоа, тој возвратил со удари и го ранил напаѓачот. Во инцидентот се вклучиле и други патници.
Меѓу нив имало и униформиран припадник на Бундесверот (германската војска). Тие успеале да го совладаат напаѓачот. Возот набрзо бил запрен со помош на рачна кочница. На терен биле испратени околу 125 полицајци и 100 припадници на итните служби. Напаѓачот во моментов се наоѓа во болница.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден