Кислородот во атмосферата на Марс се менува на засега сè уште непознат начин за научниците, односно не е можно да се објасни со познатите хемиски процеси.
Така тврдат научниците кои работат на мисијата за роверот Curiosity, кои вршеле мерења на Марс со инструментот наречен Sample Analysis at Mars (SAM).
Реклама
Тие открија дека количината на кислород во воздухот на Марс на пролет и во лето е порасната за 30 проценти. Образецот по кој тоа се случува засега останува мистерија за научниците.
Резултатите до кои дојдоа потекнуваат од шестгодишното истражување со помошта на преносни лаборатории во роверот Curiosity. Мерени се сезонските промени во атмосферата директно над кратерот Гејл на Марс, каде е слетан роверот.
Сите достигнувања се објавени во списанието JGR-Planets.
Кратерот Гејл е долг 154 километри и е создаден по пад на метеор пред 3,5 до 3,8 милијарди години.
Атмосферата на Марс е составена од јаглерод диоксид, со помали удели на други гасови како молекуларен азот, аргон, молекуларен кислород и метан. Во потоплите месеци јаглерод диоксидот испарува, а притисокот на воздухот повторно расте. Нивото на кислород во текот на пролетта и летото расте многу повеќе од очекуваното, а во текот на зимата се спушта на пониско ниво од очекуваното.
-
Продажба!
La Linea v1
699 ден 559 ден -
Продажба!
Петок
699 ден 559 ден -
Продажба!
La Linea v3
699 ден 559 ден -
Продажба!
Џаст До Ит!
699 ден 559 ден -
Продажба!
Мисли различно
699 ден 559 ден -
Продажба!
Хемија
699 ден 559 ден