во

Најголем крипто-грабеж во историјата: Севернокорејски хакери украдоа 6,3 милијарди долари од Binance

Федералното биро за истраги на САД (ФБИ) потврди дека озлогласената севернокорејска хакерска група „TraderTraitor“ стои зад најголемата кражба на дигитални средства во историјата, во која од берзата Binance беа украдени криптовалути вредни 6,3 милијарди долари.

Брза кражба и обид за перење преку Ethereum

Сајбер нападот бил извршен на 29 октомври, при што хакерите за само дваесетина минути успеале да префрлат огромен дел од средствата пред тие да бидат замрзнати. Американските власти, во координација со Тајната служба и Управата за јавни приходи (IRS), утврдиле дека најголемиот дел од украдените криптовалути, меѓу кои биткоин, Tether и USD Coin, веднаш биле конвертирани во Ethereum.

Супер Попуст -25%

Според ФБИ и компанијата за блокчејн анализа TRM Labs, хакерите континуирано се обидуваат да ги сокријат трагите користејќи децентрализирани финансиски платформи (DeFi) и сервиси за моментална размена, со цел средствата да бидат испрани и повторно пуштени во оптек.

 

Binance ги обесштетува корисниците преку заштитен фонд

По првичниот шок, Binance привремено ги суспендираше повлекувањата и соопшти дека корисниците нема да ги сносат последиците. Компанијата објави дека обезбедила средства за покривање на околу 90 проценти од украдените криптовалути, додека за преостанатите 10 проценти (помалку ликвидни токени) ќе биде потребно повеќе време.

За покривање на оваа астрономска штета, најголемата светска крипто-берза искористи дел од својот специјален резервен фонд SAFU (Secure Asset Fund for Users), кој е наменет токму за заштита во случаи на големи безбедносни инциденти.

„Американските власти ги објавија адресите на дигиталните паричници поврзани со нападот, повикувајќи ги крипто-берзите, компаниите за анализа на блокчејн и сите даватели на услуги да ги блокираат трансакциите поврзани со нив, додека истрагата продолжува.“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

САД ја предупредија Москва за можен терористички напад: ФСБ потврди дека добила дојава преку партнерски канали

Внимавајте зад воланот: АМСМ со предупредување за влажни коловози и опасност од одрони