
Историски напад врз десет блокчејн-мрежи
Нападот, кој се случил на 29 октомври 2026 година, опфатил неколку блокчејн-мрежи, вклучувајќи ги Bitcoin, Ethereum, Solana, Tron и XRP Ledger. Според анализата на американската компанија TRM Labs, хакерите успеале да ја компромитираат внатрешната инфраструктура на Binance која служи за потпишување и одобрување трансакции од активните, односно „жешки“ паричници.
-
Хемија
699 ден
524.25 ден
Првичната истрага укажува дека пробивот можеби започнал преку компромитиран лаптоп на еден од инженерите на компанијата, по што напаѓачите добиле неовластен пристап до клучните системи. Обемот на оваа кражба е дури четири пати поголем од претходниот рекорд – нападот врз берзата Bybit во 2025 година кога беа украдени 1,5 милијарди долари.
Замрзнати средства и севернокорејска трага
Експертите од TRM Labs со висок степен на сигурност го поврзуваат овој напад со елитната хакерска група „TraderTraitor“, за која ФБИ претходно потврди дека е поддржана од властите во Северна Кореја. По откривањето на инцидентот, големите издавачи на стабилни криптовалути (Tether, Circle, Ripple), како и мрежата Arbitrum, веднаш реагирале замрзнувајќи средства во вкупна вредност од над 5,3 милијарди долари.
И покрај брзата реакција за блокирање на голем дел од пленот, напаѓачите сè уште контролираат околу 2,4 милијарди долари во Bitcoin и Ethereum, кои се надвор од можностите за замрзнување. Од Binance официјално соопштија дека привремено ги суспендирале исплатите, но испратија смирувачка порака до своите клиенти.
„Средствата на корисниците се безбедни. Сите загуби предизвикани од овој безбедносен инцидент ќе бидат целосно покриени преку нашиот резервен фонд за сигурност (SAFU), како и со сопствени средства на компанијата“, уверуваат од Binance.


