
Морничаво сведоштво за „Сараево сафари“: Богати странци плаќале до 300.000 евра за да ловат деца во опколениот град
Германскиот весник „Франкфуртер Зонтагсцајтунг“ објави шокантни нови детали и сведоштва за т.н. „Сараево сафари“ – монструозен феномен каде богати „воени туристи“ доаѓале на викенд во опколеното Сараево за да пукаат врз цивили. Поранешниот американски маринец Џон Џордан потврдува дека видел странски посетители – вклучително Канаѓани, Руси, Германци, Швајцарци и Италијанци – опремени со скапа ловечка опрема, како учествуваат во овој „лов на луѓе“ од српските позиции на ридовите околу градот.
Ценовник на смртта: Децата биле најскап „трофеј“, старците бесплатни
-
La Linea v4
699 ден
524.25 ден
Италијанскиот новинар Ецио Гавацени открива морничави детали за „тарифата“ на овие злосторства. Според неговите истражувања, сумите достигнувале до 300.000 евра, а цената зависела од „мета“. Децата биле најпосакуваниот и најскапиот „трофеј“ за овие болни умови, додека убивањето на стари лица понекогаш се нудело и бесплатно. Иако се мислело дека разузнавачките служби ги запреле овие активности, документите сугерираат дека тие продолжиле и во 1994 и 1995 година. Приказната наскоро ќе биде преточена во книгата „Викенд-снајперисти“, а „Нетфликс“ и „Амазон“ веќе покажале интерес за екранизација на овој хорор од војната во БиХ, во која загинаа 1.621 дете.
-
Јога шимпанзо
699 ден
524.25 ден -
Бетмен силуета
699 ден
524.25 ден -
La Linea v27
699 ден
524.25 ден -
Насмевката на музиката
699 ден
524.25 ден -
Хемија
699 ден
524.25 ден -
Дарт Вејдер
699 ден
524.25 ден








