
ВМРО-ДПМНЕ упати нови жестоки обвинувања кон лидерот на СДСМ, Венко Филипче, поврзувајќи го со инцидентот што се случи во Ново Село за време на посетата на премиерот Христијан Мицкоски.
-
La Linea v2
699 ден
524.25 ден
Од владејачката партија тврдат дека Филипче, во недостиг на политичка понуда и конкретни решенија, се обидува да создава тензии и да се претставува како жртва. Во реакцијата го нарекуваат „политички импровизатор“ и „бледа копија на Заев“.
ВМРО-ДПМНЕ: „Талогот од СДС исплива на површина“
Од ВМРО-ДПМНЕ повторно се осврнаа на лицата кои учествуваа во настаните во Ново Село, а кои Филипче претходно ги бранеше како млади луѓе кои биле нападнати.
Партијата тврди дека Ефтимов и Стојанов имаат претходни пресуди и дека биле условно осудени на една и пол година затвор поради насилен инцидент со туристи во Струмица.
ВМРО-ДПМНЕ токму нивното минато го користи како аргумент за тврдењето дека нивното присуство во Ново Село не било случајно.
„Криминалци, тепачи, насилници и наркомани, тоа е матрицата на СДС која Филипче ја претставува како ‘децата’ на Македонија“, се наведува во партиската реакција.
Филипче го ставија директно на удар
Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека лидерот на СДСМ се обидува политички да го искористи инцидентот и дека наместо нова политика продолжува по моделот на неговиот претходник Зоран Заев.
Оттаму доаѓа и пораката дека Филипче е „бледа копија на Заев“, а неговото политичко дејствување го обвинуваат за дополнително продлабочување на поделбите и тензиите.
Од другата страна тврдат дека тие биле нападнати
Верзијата на СДСМ и на учесниците во инцидентот е сосема поинаква. Христијан Ефтимов јавно ги отфрли обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ и тврдеше дека тие биле физички нападнати во Ново Село.
Ефтимов обвини и дека по инцидентот против нив била започната кампања со навреди и информации од полициски документи, за што побара истрага.
СДСМ претходно побара Обвинителството да ги идентификува и приведе лицата за кои партијата тврди дека ги нападнале нивните активисти во Ново Село.
Двете партии на тој начин продолжуваат со целосно спротивставени верзии за случувањата, додека инцидентот во Ново Село останува нова точка на жестока политичка пресметка меѓу власта и опозицијата.
-
Никогаш да не се заборави
699 ден
524.25 ден -
La Linea v16
699 ден
524.25 ден -
Апсана
699 ден
524.25 ден -
La Linea v2
699 ден
524.25 ден -
Верувај во себе
699 ден
524.25 ден -
La Linea v27
699 ден
524.25 ден







