во

Ноќеска почнува зимското сметање на времето: Стрелките се враќаат еден час назад

Ноќта помеѓу сабота и недела почнува зимското сметање на времето, што значи дека стрелките на часовникот се враќаат еден час назад, а ние добиваме дополнителен час за спиење.

Еден час подолг ден во недела

Зимското сметање на времето официјално започнува ноќта помеѓу 24 и 25 октомври во 3 часот наутро, кога стрелките ќе се поместат еден час наназад, односно на 2 часот. Со оваа промена, неделниот ден ќе трае вкупно 25 часа.

Супер Попуст -25%

 

Денот ќе изгледа пократок

Иако добиваме еден час плус за одмор, промената веднаш ќе се почувствува во текот на попладневните и вечерните часови. Денот визуелно ќе ни изгледа многу пократок бидејќи ќе почне да се стемнува порано.

„Додека на 24 октомври сонцето зајде околу 17:38 часот, веќе во недела (25 октомври), со новото сметање на времето, мракот ќе падне еден час порано. Сонцето ќе зајде околу 16:37 часот, што значи дека стемнувањето ќе започне нешто по 16:30 часот“, потсетуваат експертите.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Франција во состојба на готовност: 70.000 полицајци на улиците поради најавените масовни протести

Спектакуларно шоу над Скопје: Со дронови исцртан ликот на Гоце Делчев за 23 Октомври