во

Огнен пекол во Русија: Масовен украински напад со стотици дронови ја парализираше Москва

Најмалку две лица загинаа, а шестмина се повредени откако стотици украински беспилотни летала го осветлија ноќното небо над московскиот регион. Во досега невиден и масовен напад, погодена е клучна енергетска инфраструктура, станбени објекти и голема рафинерија во самиот главен град на Русија.

Експлозии, запалена рафинерија и блокирани аеродроми

Според гувернерот на московскиот регион, Андреј Воробјов, руската противвоздушна одбрана соборила 249 дронови, но дел од нив сепак ја пробиле заштитата и предизвикале сериозни пожари во неколку станбени куќи и еден магацин. Ударот врз главниот град резултираше со оштетување на објект во голема рафинерија за нафта, а поради безбедносни причини итно беа воведени ограничувања за летовите на двата клучни аеродроми во Москва.

Супер Попуст -25%

Социјалните мрежи беа преплавени со апокалиптични видеа на кои јасно се гледаат силни експлозии и огнени јазици во текот на ноќта.

„Напад без преседан за попречување на изборите“

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, излезе со уште пофрапантни бројки за размерот на овој украински маневар. Тој потврди дека еден од дроновите удрил директно во зграда во близина на прометен булевар во престолнината.

„Биле соборени 450 беспилотни летала кои се движеле кон Москва. Овој напад без преседан бил јасно испланиран со цел да се попречат изборите. Непријателот не успеа во тоа“, изјави Собјанин.

Она што особено привлекува внимание во меѓународните кругови е фактот дека и Русија и Украина безмилосно продолжуваат со нападите врз енергетската инфраструктура на противникот. Оваа ескалација се случува и покрај неодамнешните тврдења на американскиот претседател Доналд Трамп, кој изјави дека двете завојувани страни наводно се договориле да престанат со ваквите удари.

Сподели:
Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трагедија на автопатот Куманово-Скопје: Две лица загинаа, возачот на „мерцедесот“ е уапсен

Драма на Блискиот Исток: Хутите истрелаа балистичка ракета кон Ријад, Саудиска Арабија го спречи нападот