
Смртоносен судир меѓу „мерцедес“ и „опел корса“
Трагедијата се случила вчеравечер околу 21:35 часот, на коловозната лента во насока кон Скопје. Според информациите од СВР Куманово, во несреќата директно учествувале патничко возило „мерцедес“, управувано од 65-годишниот М.М. од Скопје, и патничко возило „опел корса“, зад чиј волан бил 27-годишниот скопјанец С.Н.
-
La Linea v12
699 ден
524.25 ден
Ударот бил кобен за двајца сопатници од возилото „опел корса“. На самото место на настанот им подлегнале на повредите В.Н. (49) и Л.М. (71), двајцата од Скопје. Останатите патници од истото возило веднаш биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Според медицинските извештаи, 48-годишната сопатничка Л.Н. се здобила со тешки телесни повреди, додека 28-годишната Б.Н. и 27-годишниот возач С.Н. поминале со полесни телесни повреди.
Возачот на „мерцедесот“ е лишен од слобода
Полициски екипи од СВР Куманово извршија детален увид на местото на несреќата за да се утврдат точните причини кои довеле до овој трагичен настан.
„По наредба на јавниот обвинител, возачот на патничкото возило ’мерцедес‘, М.М. (65), е лишен од слобода. По целосно документирање на случајот и расчистување на околностите, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава“, информираат од кумановската полиција.
Оваа сообраќајка е уште еден суров потсетник за опасностите на патиштата и потребата од максимално внимание и приспособување на брзината, особено при ноќни услови на возење.


