
Најголемо инфраструктурно вложување досега
Според соопштението на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, изминатата година е забележано најголемото годишно вложување во патната мрежа во историјата на општината. Изградени и реконструирани се повеќе од 10 километри улици и патишта.
-
Дарт Вејдер
699 ден
524.25 ден
Целосно се реконструирани клучните патни правци како Демир Хисар – Вардино и патот до Жван, а сериозни инфраструктурни зафати се реализирани и во Смилево, Загориче, Бараково, Сладуево и повеќе други населени места. Во самиот град, улиците „Маршал Тито“ и „Велко Влаховиќ“ добија нов лик со современи тротоари и нови паркинг-простори.
Паралелно со патиштата, значително се зајакнати и техничките капацитети на ЈКП „Комуналец“, кое доби нов трактор, ровокопач и две нови возила за собирање отпад, со вкупна вредност од речиси 9 милиони денари.
Милионски инвестиции во младите и спортот
Силна поддршка е насочена кон образовниот систем и спортот. Сите образовни институции се реновирани и опремени со нови клупи, паметни табли и телевизори. Со директна поддршка на Владата, изграден е и целосно нов спортски комплекс вреден 11 милиони денари, кој вклучува модерни терени за тенис и баскет.
„Општината воведе и сериозни финансиски стимулации за семејствата: 10.000 до 15.000 денари за новороденчиња, 7.000 денари за првачиња и субвенција од 10.000 денари за секој ученик запишан во гимназиската струка.“
Враќање на киното и грижа за ранливите категории
По речиси две децении, културниот живот во Демир Хисар доживува ренесанса. Со набавката на професионален кинопроектор, повторно е отворено киното во Домот на културата „Илинден“.
Општината не ги заборави ниту социјално загрозените семејства за кои се издвоени 1,2 милиони денари. Како дополнителна помош за граѓаните, во летниот период беше воведен бесплатен јавен превоз за жителите од подалечните населени места, а во пресрет на зимата се најавуваат и субвенции за набавка на инвертер клима-уреди.
-
Никогаш да не се заборави
699 ден
524.25 ден -
Петок
699 ден
524.25 ден -
Верувај во себе
699 ден
524.25 ден -
Хемија
699 ден
524.25 ден -
La Linea v23
699 ден
524.25 ден -
Насмевката на музиката
699 ден
524.25 ден








