
Голем шпански златник искован во 1609 година за кралот Филип III ги собори сите рекорди и стана највредната монета некогаш продадена во Европа.
Оваа уникатна златна монета, која тежи импресивни 339 грама чисто злато, беше продадена на аукција во Женева, Швајцарија, за неверојатни 2.817.500 франци (околу 3,02 милиони евра), пренесува Ројтерс.
Искован во Сеговија за „Побожниот крал“
-
Време за пиво
699 ден
524.25 ден


Почетната цена на монетата била два милиони швајцарски франци, соопшти аукциската куќа „Numismatica Genevensis SA“. Со конечната сума, таа го сруши европскиот рекорд за најскап златник.
Станува збор за „Centen“ (или 100 ескуди), искован во 1609 година во градот Сеговија, централна Шпанија, за време на владеењето на кралот Филип III (1578-1621), во историјата познат под прекарот „Побожниот“.


