во ,

Падна најголемата мрежа на „гатачи“ во Турција, уапсени 62 лица

Турската полиција уапси 62 лица во голема акција во 29 окрузи, под сомнение дека извршиле измами со „гатање“ и „претскажување на иднината“ преку интернет.

Групата е обвинета за измама и изнуда на клиенти, искористувајќи ги религиозните чувства на граѓаните преку платформите на социјалните мрежи, пишува турскиот весник „Хуриет тудеј“.

Повеќе од само гатање – организиран криминал

При извршените претреси на адресите, полицијата запленила 62 мобилни телефони, 73 СИМ-картички, компјутери, ПОС уреди и голем број документи. Ова укажува на добро организирана мрежа за измама.

Локалниот дневен весник „Сабах“ јави дека жртви на групата биле стотици луѓе. Гатањето е широко распространето во Турција, а властите редовно ги предупредуваат граѓаните за вакви измами. Локалните медиуми потсетуваат дека во јули, основачот на две популарни интернет страници за гатачи исто така беше уапсен поради измама.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Холивудскиот гламур под панцир: Анџелина Џоли во тајна мисија во Украина

Меракот ќе го чини 3.200 евра, наместо „тројка“ добил тупаници и грабеж