
АНГЕЛА Меркел во пензија живее подобро од кога било!
Дури и по напуштањето на политиката, поранешната германска канцеларка Ангела Меркел живее повеќе од удобно. Како политичка пензионерка, таа добива месечна пензија од нешто помалку од 15.000 евра, што ја рангира меѓу најдобро платените пензионери во Германија.
Сепак, таа сума е само дел од нејзините приходи. Во текот на изминатата година, Меркел влезе во нова фаза на благосостојба – стана милионерка благодарение на нејзините мемоари „Слобода“ („Freiheit“).
Мултимилионски аванс за „Слобода“
Книгата беше објавена истовремено во дури 31 земја, вклучувајќи ги Русија и Кина, а во Германија чини 42 евра. Според германските медиуми, Меркел и нејзината блиска соработничка добиле мултимилионски аванс.
Според проценките на експертите за издаваштво, правата само за германското издание вредат помеѓу 1,5 и 1,8 милиони евра, додека вкупниот хонорар на Меркел може да достигне двоцифрен милионски износ.
Иако е исклучок меѓу германските политичари во однос на заработката, Меркел сепак не ги достигнува бројките на светските лидери како Барак и Мишел Обама, кои добија дури 60 милиони евра за своите мемоари.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден







