
Подигнато е обвинение против 26-годишна жена и нејзиниот 34-годишен сопруг, кои живеат во источна Хрватска, бидејќи со години ги занемарувале сопствените деца.
Поради ова, децата им биле одземени во средината на оваа година, а сега обвинителството за нив бара затворски казни, пренесува порталот Index.hr.
Според наводите на обвинителството, тие двајца од почетокот на 2022 до јуни 2025 година ги занемарувале своите родителски должности кон двајцата синови, родени 2019 и 2022 година. Сè започнало кога градинката пријавила дека децата доаѓаат валкани и гладни, а неретко изговарале и пцости кои очигледно ги слушнале дома.

Играле игри, пушеле, пиеле, се дрогирале…
Во обвинението се наведува дека родителите биле свесни за потребите на децата, но не се грижеле за нив на соодветен начин. Набрзо било утврдено дека родителите консумирале алкохол, а таткото и дрога, па пред децата во таква состојба се однесувале несоодветно. Момчињата сведочеле на кавги, физички конфликти и сексуално несоодветно однесување, што според мислењето на експертите негативно влијаело на нивниот емотивен и психолошки развој.
Според социјалната анамнеза на Хрватскиот завод за социјална работа, родителите меѓусебно се обвинувале за негрижата, додека и двајцата, како што стои во документот, повеќе им се посветувале на сопствените активности, вклучувајќи играње игри, пушење, алкохол и дрога, отколку на децата. Поради сето ова, судот итно ги одвоил децата од семејството, па тие во меѓувреме се сместени кај згрижувачи.
Доказите против обвинетите родители
Родителите во текот на испитувањето ги отфрлиле сите обвиненија, тврдејќи дека се грижеле за децата, дека им обезбедувале исхрана и хигиена, како и дека во куќата немало пушење ниту консумирање алкохол или дрога.
Меѓутоа, сепак се обвинети. Обвинението се темели на документацијата од Хрватскиот завод за социјална работа, вклучувајќи извештај од психолог, социјални работници и од детската градинка, како и на судски решенија и социјална анамнеза. Со двете деца истражителите разговарале во текот на истрагата.
Во извештаите е наведено дека децата биле долготрајно изложени на насилство, алкохолизам, несоодветни однесувања од возрасните и занемарување на основните потреби. Експертите процениле дека семејното опкружување не било безбедно.
Државното обвинителство предложило да ѝ се изрече единствена казна затвор од година и два месеци на мајката, а на мажот казна од една година затвор. Како сведок е предложена згрижувачката, кај која децата се моментално сместени.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден







