Оваа илустрација која за првпат била објавена во 1858 година, е наречена „Шредеровите скали“, а по неполни два века сè уште предизвикува конфузија кај луѓето.
Илустрацијата која неодамна беше објавена на „Редит“, а потоа стана популарна на сите социјални платформи, е дело на научникот Хајнрих Г.Ф. Шредер, а она поради кое сите ги „чешаат главите“ е како е можно скалите да изгледаат потполно поинаку ако се гледаат наопаку.
Доколку не сфаќате во што е штосот, погледнете ја илустрацијата наопаку, а потоа трепнете неколку пати.

Кога ќе ја погледнете наопаку, скалите изгледаат токму така – наопаку. Меѓутоа кога ќе трепнете додека сè уште ги гледате, скалите „магично“ се враќаат на својата првобитна положба.
Станува збор за класичен пример на обратна перспектива која всушност ги збунува нашите очи и прави да ги гледаме нештата онака како што мозокот нѝ вели дека треба.
- 
La Linea v1699 ден
 559.20 ден
- 
Петок699 ден
 559.20 ден
- 
La Linea v3699 ден
 559.20 ден
- 
Спаси ја водата, пиј пиво699 ден
 559.20 ден
- 
Јас сум толку стар699 ден
 559.20 ден
- 
Џаст До Ит!699 ден
 559.20 ден
 
 
 








