во

Политички земјотрес кај нашиот северен сосед: Вучиќ најави оставка в недела!

Политичката сцена во Србија е пред целосно ресетирање откако претседателот Александар Вучиќ јавно потврди дека оваа недела дефинитивно се повлекува од својата функција. Овој потег го отвора патот кон предвремени претседателски избори и масовни кадровски промени во државниот врв.

Оставка в недела и радикална политичка „чистка“

Вучиќ утрово во изјава за „Радио Белград“ ги потврди шпекулациите кои со денови кружеа во јавноста, најавувајќи го прецизниот датум на неговото повлекување.

„Во недела, на 27-ми, поднесувам оставка“, изјави кратко и јасно српскиот претседател, најавувајќи го своето директно вклучување во кампањата за предвремените парламентарни избори кои се закажани за 25 октомври.

Супер Попуст -25%

Но, вистинскиот шок следуваше со најавата за она што ќе се случи доколку политичката листа што тој ја предводи ја добие довербата на граѓаните. Вучиќ најави драстично кратење на државниот апарат – новата влада би броела максимум 12 министри. Дополнително, тој вети брутална „чистка“ во сопствените редови, најавувајќи дека најмалку половина од градоначалниците и претседателите на општините од неговата опција ќе бидат сменети во рок од само три месеци по формирањето на новата влада.

Србија пред предвремени претседателски избори

Овој политички маневар на Вучиќ значително ја комплицира и онака тензичната изборна есен во Србија. Доколку тој формално ја депонира својата оставка во недела, државата ќе биде обврзана да распише и предвремени претседателски избори.

Според законските регулативи во Србија, новите избори за шеф на државата ќе мора да се одржат во рок од најмногу три месеци од денот на престанувањето на неговиот мандат, што значи дека српските граѓани ги очекува исклучително бурен политички финиш на годината.

Сподели:
Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Макрон со брутален одговор до Трамп: Ова е француска територија, не се замараме со вашите чудни идеи!

Историски ден за Македонците во Албанија: Се бара Општина Пустец да се преименува во Општина Преспа!