во

Полицијата со палки и штитови ги растера демонстрантите: 13 уапсени и десетици повредени на протестите во Португалија

Португалската полиција употреби сила за да ги расчисти протестните кампови во Лисабон и Порто, каде граѓаните излегоа на масовни демонстрации поради енормното зголемување на трошоците за домување и најавените измени во законите за изнајмување станови.

Судири, апсења и десетици повредени

Интервенцијата на безбедносните сили резултираше со физички пресметки. Според полициските извештаи, полицијата била принудена да употреби штитови и палки за да ја растера толпата откако дел од демонстрантите почнале да фрлаат шишиња и боја кон полициските кордони. Поради одбивање да ги почитуваат наредбите за распуштање, уапсени се вкупно 13 лица – шестмина во Лисабон и седуммина во Порто.

Супер Попуст -25%

За време на немирите повредени се 13 полициски службеници, од кои осуммина завршиле во болница. Од друга страна, активистичката група „Акампада Лисбоа“ алармира дека повеќе од 30 демонстранти се повредени при полициската акција, при што десетмина побарале болничко лекување.

Една од најтешките станбени кризи во Европа

Револтот на граѓаните е насочен кон предложениот закон на централно-десничарската малцинска влада, со кој значително ќе се олесни иселувањето на станарите и ќе се укинат ограничувањата за изнајмување при склучување нови договори за закуп. Португалскиот премиер Луис Монтенегро ја отфрли можноста за целосно повлекување на предлогот, иако остави простор за одредени измени пред конечното гласање во парламентот.

„Португалија се соочува со една од најтешките станбени кризи на европскиот континент, при што цените на недвижностите во земјата се зголемија повеќе од двојно од 2017 година наваму“, анализира Дојче Веле.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

План за првите 100 дена: „Студентската листа“ најавува ревизија на сите државни проекти и конфискација на незаконскиот имот

Шпанија во жалост: Идентификувани 66 од 69 жртви во трагичната железничка несреќа во Урда