
Неверојатен риболовен подвиг во јужна Полска ги воодушеви љубителите на спортскиот риболов ширум светот.
Во акумулационото езеро Рибњики, за време на натпревар во спининг, уловен е сом долг дури 292 сантиметри – што, според сè, претставува нов светски рекорд.
Џиновската риба успеале да ја извлечат Кшиштоф Пира и Адријан Гонтарц, членови на риболовниот клуб „Академија за риболов“ од Лублин. Нивниот улов веднаш го привлече вниманието на риболовниот свет.

„Го влечевме час и половина“
– Го влечевме повеќе од час и половина. Кога конечно се појави на површината, не можевме да веруваме што гледаме. Беше огромен, со глава како чудовиште – изјавил Пира за порталот „sport.pl“.
Со службеното мерење било потврдено дека сомот е долг 292 сантиметри, со што е соборен досегашниот светски рекорд од 285 см, поставен во 2023 година во Италија, на реката По.
– Ова не е само нов полски, туку и светски рекорд – гордо изјавил Пира. Откако надлежните го потврдиле резултатот, рибата, во согласност со правилата на натпреварот и принципите на одржлив риболов, била вратена назад во езерото.
Тајната на „езерото на џиновите“
Езерото Рибњики веќе со години ја носи репутацијата на едно од најдобрите места за риболов во Европа. Во него живеат бројни крупни видови риби, меѓу кои посебно се истакнуваат сомовите и краповите. Експертите истакнуваат дека за ваквите големи примероци се заслужни специфичните услови – водата од езерото се користи за ладење на блиската термоелектрана на јаглен, што ја прави постојано потопла од просекот. Таквата температура, велат тие, овозможува побрз раст на рибите.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден







