Снежана Лупевска Созен, актуелната директорка на Телма телевизија и познато медиумско лице зад емисијата „КОД“, за првпат јавно проговори за својата интимна борба за мајчинство.
И покрај бројните закани и стресната работа, Лупевска во емисијата „Мамавизија“ откри дека имала два спонтани абортуси пред да остане бремена со нејзиниот син Микаил.
Ова потресно сведоштво ги открива емотивните премрежија низ кои поминала познатата новинарка, која синот го родила на 43 години.
Борба за мајчинство и страв од губење: „Сите се плашевме повторно да не се случи нешто лошо“
Снежана Лупевска Созен е медиумско лице познато по нејзината долгогодишна емисија „КОД“, која обработува сериозни политички теми и разоткрива скандали и криминал. Таа е позната и по тоа што за време на војната во 2001 година беше една од киднапираните од новинарската екипа на А1 телевизија.
И покрај бројните закани и стресната работа, Лупевска вели дека моментот на станување мајка не се мери со ништо на светот. Таа има едно синче, Микаил, за кој вели дека е многу интересно дете кое сака да кажува шеги.
Во емисијата „Мамавизија“, Лупевска за првпат проговори за спонтаните абортуси и раскажа за мајчинството и мешаниот брак. „Пред да останам бремена во Микаил имав два спонтани абортуси.
Тоа беше стресен период. Кога повторно дознав дека сум бремена пазев многу, прво поради тие два немили настани, второ и поради возраста, јас го родив Микаил на 43 години. Сите се плашавме повторно да не се случи нешто лошо.
Докторот ми се смееше, ама јас многу сакав веднаш на прегледи, ми фалеше уште дома да си купам некој апарат за да мерам срцеви отчукувања“, раскажува таа со смеа.
Мешаниот брак и животот во Скопје: Жртва за семејна среќа
Лупевска е во брак со турски бизнисмен, а нивната љубовна врска привлече големо внимание во јавноста и бројни медиуми пишуваа за нивната несекојдневна приказна. Насекаде се пишуваше за нивната свадба, опишувајќи како Турчин и Македонка се запознаваат во Белград.
Новинарката раскажува дека имале опции да живеат и во Истанбул, но поради нејзината работа, одлучиле да останат во Скопје. Нејзиниот сопруг ја жртвувал својата работа за да се пресели во Македонија, што е доказ за нивната силна љубов и посветеност на семејството. Убава љубовна приказна за која можете да дознаете повеќе од емисијата „Мамавизија“.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден