
Прекинати фестивали и притисоци врз културни настани
Последните реакции во европските рамки се надоврзуваат на серија инциденти во Леринскиот Округ, каде што во изминатите години беа регистрирани инспекциски контроли, приговори за бучава и ненадејни прекинувања на традиционални фестивали со македонски песни и ора, како што беше случајот со изведбата на песната „Зајди, зајди“ на Фестивалот на компирот во Склитро. Декларацијата на ЕФА ги потенцира и судските тужби насочени кон припадници на македонската заедница, организацијата „Крсте Мисирков“ и партијата ДЕБ.
-
Те сакам како пивото
699 ден
524.25 ден
Додека грчките власти и дипломатија водат конзистентна политика на непознавање малцинства надвор од муслиманското малцинство дефинирано со Лозанскиот договор, извештаите од меѓународните организации постојано укажуваат на системски пречки при обидите за слободно здружување и негување на културниот идентитет.
Децениски спор со пресуди од Стразбур кои чекаат извршување
Правната битка за слободата на здружување трае со децении. Уште во 2015 година, во предметот „Дом на македонската цивилизација и други против Грција“, Европскиот суд за човекови права утврди повреда на членот 11 од Европската конвенција, отфрлајќи ги аргументите на Атина дека називот претставува опасност за јавниот ред.
Сепак, овие судски одлуки сè уште целосно не се имплементирани во пракса. Во извештајот на Мониторинг-комитетот на Парламентарното собрание на Советот на Европа од септември 2026 година се нагласува дека предметот останува под засилен надзор, додека правните турбуленции продолжуваат – вклучително и обидите за распуштање на новоформирани организации како Центарот за македонски јазик низ судските инстанции.
„ЕФА бара од ОН, Советот на Европа и институциите на ЕУ да извршат притисок врз грчките власти да ја прекинат кампањата на заплашување, да ги спроведат пресудите на судот во Стразбур и да овозможат слободно функционирање на малцинските културни организации.“


