во ,

Првомајски метеж на граница: Возачите со часови чекаат на Богородица за излез кон Грција

Големи гужви и долги колони возила се формираа на граничниот премин „Богородица“. Ситуацијата ескалираше синоќа (30 април) и продолжи утрово (1 мај). Стотици возачи чекаат да ја поминат границата кон Грција.

Според извештаите, колоните се протегаат во четири ленти. Возачите се обидуваат што побрзо да ги завршат граничните формалности.

Купи Маица

Причина за зголемениот сообраќај е празникот 1 Мај. Иако 2 мај (петок) е работен ден во двете земји, многу граѓани го искористија празникот. Тие си го „споија“ со викендот и добија продолжен одмор.

Ова традиционално води до зголемен број патувања кон Грција. Возачите се советуваат на трпение и да ги следат информациите за состојбата на граничните премини.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ќе ве НАЕЖИ: Тамара и Билбилов со НОВА ВЕРЗИЈА на „Време за плачење“ од Џамбазов – посветена на КОЧАНИ!

Мицкоски и Борисов на иста маса во Валенсија – ракување без разговор