
Протестот се одржува во пресрет на состанокот на Работната група во Брисел, од кој превозниците очекуваат конечно решение за нивниот статус и ослободување од стриктното правило 90/180 кое им го оневозможува редовното вршење на работата. Како што истакна генералниот секретар на „Макам-транс“, Биљана Муратовска, Европската Унија во изминатите седум месеци не покажала добра волја за надминување на кризата, поради што се организираат и синхронизирани протести во Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора.
Реакции за мерките на државните институции
-
Јога шимпанзо
699 ден
524.25 ден
Во врска со претходните изјави од Министерството за транспорт за склучување билатерални договори со земјите членки, од „Макам-транс“ посочуваат дека, освен Хрватска која направи измени во Законот за странци, другите европски држави сè уште немаат преземено видливи чекори за теренско олеснување на рутите. Транспортерите порачуваат дека септември е почеток на активната работна сезона и бараат итно ставање на нивното прашање на дневен ред пред европските претставници.
„После седум месеци сè уште не е надминат проблемот со престојот, а бидејќи септември е почеток на работите, сакаме да испратиме јасна порака до надлежните во ЕУ.“


