
Исполнет законскиот цензус за валидност на изборите
Податоците собрани од сите 24 избирачки места во општината потврдуваат дека е надминат потребниот законски цензус од една третина од вкупниот број запишани избирачи (вкупно 16.256 граѓани), што значи дека изборите се целосно успешни и правно валидни. Во споредба со првиот круг на локалните избори во 2025 година, одзивот на граѓаните бележи благо зголемување од 0,76 отсто.
-
Џаст До Ит!
699 ден
524.25 ден
Во однос на заштитата на личното избирачко право, до ДИК заклучно со 18:00 часот биле поднесени вкупно 10 приговори. Комисијата усвоила четири од нив, додека шест приговори биле одбиени како неосновани.
Шест кандидати во трка по смртта на Илиевски
Предвремените избори беа распишани по ненадејната смрт на дотогашниот градоначалник Јовица Илиевски (ВМРО-ДПМНЕ), кој почина на 23 јуни годинава, по што функцијата вршител на должност ја извршуваше Роберт Милошески.
За нов прв човек на општината се натпреваруваат шест кандидати: Стојанчо Радически од коалицијата „Твоја Македонија“ (предводена од ВМРО-ДПМНЕ), Јовица Радески од коалицијата предводена од СДСМ, Јакуп Усеини од коалицијата ВРЕДИ, Аркин Јахији од Националната алијанса за интеграција (НАИ), како и независните кандидати Душан Богдановски и Арифе Идризи.
„По затворањето на гласачките кутии во 19:00 часот, ДИК ќе започне со сукцесивно соопштување на првичните и неофицијални електронски резултати веднаш по завршување на внесот на податоците од општинските избирачки одбори“, наведуваат од Изборната комисија.


