
Кралот Чарлс ѝ испратил рачно напишано писмо со сочувство на Шерон Озборн по смртта на нејзиниот сопруг, легендарниот рокер Ози Озборн, откри семејството во најновата епизода на нивниот подкаст.
На првото снимање на „The Osbournes podcast“ по смртта на Ози во јули на 76-годишна возраст, Шерон, Кели и Џек Озборн зборуваа за огромната поддршка што ја добиле од целиот свет, вклучително и од британскиот монарх.

„Добивме прекрасно писмо од Кралот“, откри Џек, по што Шерон го пофали гестот. „Нашиот крал е неверојатна личност, не само затоа што ни пиша… туку ако го направил тоа за нас, знајте дека го прави тоа за многу, многу луѓе“, изјави таа.

Повеќе од само писмо – „Paranoid“ во Бакингемската палата

Шерон, која беше во брак со Ози 43 години и се декларира како „монархист“, истакна дека ова не е првпат кралот да покаже грижа – тој ѝ се јавил и во 2003 година, кога Ози имал тешка несреќа со мотор. „Тој е грижлив човек со добро срце… Одвои време да ни напише и рачно да ни достави писмо… тоа кажува многу“, рече таа.
Официјалната причина за смртта на Ози бил срцев удар, по долгогодишната битка со Паркинсонова болест. Како почит кон „Принцот на темнината“, војниците на кралот Чарлс, исто така, му оддадоа почит: бендот на гардата ја изведе култната песна „Paranoid“ од Black Sabbath за време на смената на стражата во Бакингемската палата.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден







