
Ретко која кошаркарка во САД привлекла толку внимание како Оди Крукс. Поради нејзината градба, која отскокнува од сите останати, но и неверојатните бројки, таа стана ѕвезда на колеџ кошарката (НЦАА).

-
Дарт Вејдер
699 ден
524.25 ден
Кошаркарката на Ајова Стејт Сајклонс има неверојатен просек од 28,3 поени по натпревар, со дури 79% успешност од игра. Таа беше особено импресивна на последниот меч против Валпараизо, каде за само 20 минути поминати на теренот успеа да постигне дури 43 поени (со 78,3% шут од игра).
Повеќе од само бројки – „Женскиот Шекил О’Нил“
AUDI CROOKS TONIGHT 🔥🔥
• 43 POINTS
• 7 REBOUNDS
• 2 ASSISTS
• 18/23 FG
• 20 MINUTES PLAYEDpic.twitter.com/KgUrESYwJj— Women’s Hoops Network (@WomensHoops_USA) November 13, 2025
Оди Крукс е висока 190 сантиметри, а интересно е што никаде не постојат конкретни податоци за нејзината тежина. Навивачите, поради нејзината специфична конституција, доминацијата под кошот и огромните проценти на шут, веќе ја споредуваат со легендарниот Шекил О’Нил.


