во ,

Рецепт-молња: лиснато тесто и ванила за десерт од соништата

Ако сакате едноставни, а неодоливо вкусни десерти, овој рецепт ќе ве освои на првиот залак.

Комбинацијата од кремаст пудинг од ванила, крцкаво лиснато тесто и миризливи ливчиња од бадем е вистинска мала магија во која ќе уживате со кафе, чај или по ручекот.

За сите храбри борци

Подготовката е брза и едноставна, а резултатот – фантастичен.

Потребни состојки:

  • 1 пакување развлечено лиснато тесто
  • 1 ќесичка пудинг од ванила
  • 400 мл млеко
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 2 лажици шеќер
  • 40 г путер
  • 1 жолчка
  • Ливчиња од бадем

Подготовка:

  1. Сварете го пудингот според упатството на ќесичката, но наместо 500 мл, користете 400 мл млеко за да биде погуст.
  2. Кога пудингот е готов, тргнете го од оган и веднаш вмешајте го путерот додека целосно не се растопи и не се соедини со кремот.
  3. Одвиткајте го лиснатото тесто и премачкајте го пудингот само на половина од тестото.
  4. Преклопете со другата, празна половина од тестото.
  5. Изматете ја жолчката и премачкајте го тестото одозгора.
  6. Исечете го тестото на половина, а потоа секоја половина на уште четири дела – треба да добиете осум штангли.
  7. Одозгора обилно посипете со ливчиња од бадем.
  8. Печете во рерна загреана на 200°C околу 20-25 минути, додека тестото не добие златно-кафеава боја и не стане крцкаво.

Најдобро е да се послужи додека е уште топло – тогаш најубаво се чувствува совршениот спој на мирисната ванила, путерот и бадемите. Ова е идеален десерт кога сакате нешто брзо, а импресивно.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најбизарната кражба во Шпанија: уапсена банда што крадела само столици

Влезницата е вашата коса: гледачите мораа да ги избричат главите за премиерата