
Доколку ви здодеаја класичните салати, овој рецепт носи сосема поинаков вкус. Комбинацијата од мека варена јунештина, свеж зеленчук, кикирики и ароматичен прелив создава топол оброк инспириран од азиската кујна.
-
Те сакам како пивото
699 ден
524.25 ден
Салатата се подготвува брзо, а може да се послужи како лесен ручек, вечера или целосен оброк за четири лица.
Потребни состојки
- 500 грама варена јунештина
- 4 млади кромитчиња
- 1 помала главица црвен кромид
- 1 краставица
- 50 грама кикирики
- 50 грама пржен кромид
- 1 чили пиперка
- 1 врзоп свеж коријандер
- 3 лажици сок од лимета
- 3 лажици соја сос
- 2 лажици сусамово масло
- 1 лажичка кафеав шеќер
- сол по вкус
Подгответе го месото и зеленчукот
Варената јунештина исечете ја на тенки парчиња. Младиот и црвениот кромид исчистете ги и ситно исечкајте ги, а краставицата исечете ја на помали парчиња.
Направете ароматичен прелив
Во поголем сад измешајте ги сокот од лимета, соја сосот, сусамовото масло, ситно исечканата чили пиперка и кафеавиот шеќер. Мешајте додека не добиете изедначен прелив.
Соединете ги сите состојки
Во садот со преливот додајте ги јунештината и подготвениот зеленчук. Ставете ги крупно исечканите кикирики и ситно исечканиот коријандер, па внимателно промешајте за сите состојки добро да се соединат.
Оставете ја салатата неколку минути за месото и зеленчукот да ги впијат вкусовите. Распоредете ја во чинии, посипете со пржен кромид и послужете ја додека е топла.


