
Дождливото време не ги спречи стотиците јапонски обожаватели буквално да направат огромни редици за автограми и фотографии кои траеја цел еден час. Верните фанови носеа ДВД-изданија и плакати од култните „Пред дождот“, „Прашина“ и „Кајмак“ за да добијат потпис од македонскиот режисер.
Капак од шахта на црвениот тепих
-
Јас сум толку стар
699 ден
524.25 ден
Она што ги остави сите присутни без зборови беше автентичното појавување на црвениот тепих во јапонската метропола. Манчевски и младите актерски ѕвезди Сара Климоска и Филип Трајковиќ се појавија со уникатен реквизит од филмот – капак од шахта, кој симболично носи длабока порака за денешното општество. Во еден момент, режисерот со него дури и се заштити од есенскиот дожд, предизвикувајќи воодушевување и насмевки кај присутните.
На големиот настан присуствуваа влијателни луѓе од филмската индустрија. Првите луѓе на фестивалот во Токио јавно ги истакнаа извонредните уметнички квалитети и моќниот социјален аспект на филмот, признавајќи дека тоа ги натерало веднаш да го поканат во главната трка за престижните награди.
Сурова битка за опстанок во Скопје
Приказната ја следи безрезервната посветеност меѓу најблиските. Братот и сестрата, кои брилијантно ги играат Трајковиќ и Климоска, се борат да опстојат на маргините на животот во Скопје, соочувајќи се со сурови предизвици во трката по подобра иднина. Светските и јапонските медиуми веќе наголемо пишуваат за оваа инспиративна приказна, која е длабоко поврзана со нашите корени.
„Милчо пак ме расплака.“ – изјави главната актерка Сара Климоска, откривајќи дел од силните емоции за време на снимањето на сетот.


