Веќе неколку децении мистериозната дупка предизвикува страв кај луѓето ширум светот.
Со децении локалните жители во Јемен ја избегнуваат оваа дупка која ја нарекуваат „бунар на пеколот“.
-
La Linea v4
699 ден
524.25 ден
Од генерација на генерација се пренесува суеверието дека оваа необична природна појава претставува „врата до пеколот“ и дека во проклетиот бунар се затворени демони.

Поради неиздржливата смрдеа која се шири од дупката, ова место сите го избегнувале, а мистеријата за него станувала сè поголема.
Инаку, дупката која е длабока 112, а широка 30 метри се наоѓа во провинцијата ал-Махра во близина на границата со Оман.
Никој досега не успеал да се спушти до дното на чудната дупка. Но, и тоа се сменило кога група од 10 омански спелеолози и истражувачи првпат детално ја истражиле.

Сите се прашувале што ќе најдат внатре и дали воопшто ќе успеат да излезат живи од таму.
Тоа што истражувачите го пронашле веројатно ќе ги разочара многумина од локалните жители – очекувано, најдени се бројни остатоци од животни кои паднале во „бунарот“ и тоа бил изворот на неподносливата смрдеа која се ширела.

Исто така екипата наишла на земја, неколку подземни водопади и сталагмити.
Меѓутоа, ниту трага од заробените демони…
Погледнете го видеото:
-
Дарт Вејдер
699 ден
524.25 ден -
Вонземјанин
699 ден
524.25 ден -
La Linea v3
699 ден
524.25 ден -
Време за пиво
699 ден
524.25 ден -
La Linea v2
699 ден
524.25 ден -
La Linea v23
699 ден
524.25 ден








