
Драстични промени во Франција и политичка нестабилност во Германија
Според Курц, кој говореше на панел-дискусијата „C3 Business Talk“ во Виена, протестите во Франција се директна последица на погрешната миграциска политика. Тој предупреди дека младите губат перспектива, а одржувањето на просперитетот на претходните генерации станува сè потешко. Состојбата во Германија ја оцени како подеднакво загрижувачка, посочувајќи дека политичките групи од маргините зајакнуваат на сметка на релативно слабиот политички центар.
-
Кафе пауза на месечината
699 ден
524.25 ден
Прогнози за САД, враќање во политиката и руски интриги
Осврнувајќи се на глобалната политичка сцена, Курц прогнозираше дека на американските избори во 2028 година претседателски кандидат на републиканците би можел да биде Марко Рубио, со Џ.Д. Венс како потпретседател. Што се однесува до неговата кариера, тој отфрли брзо враќање во австриската политика, иако призна дека отсекогаш уживал во неа.
За првпат, поранешниот канцелар јавно ги коментираше и пишувањата на британските медиуми дека Москва и поранешниот шеф на „Вајеркард“, Јан Марсалек, можеби стојат зад неговиот политички пад во 2021 година. Тој најави дека преку адвокат ќе бара пристап до релевантните досиеја за конечно да се расветлат сите околности околу неговото повлекување.
„За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет… Имам многу прашања (за наводната руска вмешаност) и ќе побарам пристап до релевантните досиеја преку мојот адвокат, со надеж дека околностите конечно ќе бидат разјаснети.“


