
Сијарто: „Само патриотска влада може да ја спаси Унгарија од војна, мигранти и родова идеологија“
Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, изјави дека само „патриотска влада“ може да ја спаси земјата од војната во Украина, нелегалната миграција и „родовата идеологија“. Тој ја обвини унгарската опозиција дека „ќе ја предаде Унгарија на Брисел“, објави агенцијата МТИ.
„Брисел ризикува Трета светска војна“
Сијарто упати остри критики кон Брисел, тврдејќи дека ЕУ сака војната да ескалира. „Не им е грижа што илјадници луѓе умираат… Не им е грижа што секој нов ден е ризик од избувнување на трета светска војна“, рече Сијарто. Тој додаде дека парите на европските даночни обврзници „бесрамно се испраќаат“ во Украина за потребите на „воена мафија која не објаснила каде потрошила милијарди евра“.
„Влезот на Украина во ЕУ е увоз на војна, мафија и лошо жито“
Според унгарскиот министер, влезот на Украина во Европската Унија би бил еквивалентен на „увоз на војна, украинска мафија и жито со низок квалитет“. Тој ја заврши изјавата со предупредување дека „Брисел сака да ја преплави цела Европа со мигранти“.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден







