
Од внимателна подготовка до совршени слоеви
Тајната на совршената Добош торта се крие во шесте тенки кори кои се печат поединечно, свиленкастиот чоколаден крем приготвен на пареа и прецизно исечениот карамел. За корите ви се потребни 6 јајца, 150 г шеќер, 150 г брашно, 50 г путер и малку ванила, додека во богатиот фил доминира црната чоколада (200 г), путерот (250 г) и квалитетното какао.
Смесата за корите се дели на шест еднакви дела и се пече на хартија во форма на круг (околу 22 см) на 200 степени по седум минути. Пет од изладените кори се премачкуваат со чоколадниот фил редејќи ги една врз друга, додека шестата се остава настрана за препознатливиот карамелизиран завршеток.
Тајната за карамел кој совршено крцка, а не пука
За финалната декорација, 180 г шеќер се топи на умерена температура додека не добие убава боја на килибар, по што му се додаваат една лажичка лимонов сок и 10 г путер. Жешкиот карамел брзо се прелива преку шестата кора и веднаш рамномерно се измазнува.
За најубав изглед, страниците на тортата се премачкуваат со остатокот од филот и се украсуваат со сечкани лешници, додека на површината се прават 12 розети од изматена слатка павлака на кои внимателно се потпираат карамелизираните триаголници.
„Тајната е карамелизираната кора да ја исечете на 12 триаголници веднаш по прелевањето, пред шеќерот целосно да се стврдне. Ножот благо премачкајте го со путер пред секое сечење – тоа ќе го олесни процесот и ќе спречи лепење на карамелот за сечилото.“
-
Јога шимпанзо
699 ден
524.25 ден -
La Linea v9
699 ден
524.25 ден -
Дарт Вејдер
699 ден
524.25 ден -
La Linea v16
699 ден
524.25 ден -
La Linea v1
699 ден
524.25 ден -
La Linea v2
699 ден
524.25 ден







