Во 2009 година, Ентони Истон почнал да ги собира работите на својот неодамна починат татко Питер.
Во својот скромен стан во Лимингтон, јужна Англија, тој открил стар кожен куфер, заборавен под креветот. Внатре, уредно спакувани, имало германски банкноти, но и фотоалбуми, писма и документи кои изгледале како да се од некое друго време. На изводот од матичната книга на родените, Ентони прочитал непознато име: Петер Ханс Рудолф Ајзнер.
„Почувствував рака од минатото како ме допира“, изјавил тој за Би-Би-Си. Овој момент бил почеток на едно неверојатно патување низ историјата, кое целосно го променило животот на неговото семејство, откривајќи приказна за огромно богатство, нацистичка кражба и скршено срце.
Таткото кој не зборувал за минатото
Ентони се сеќава на својот татко како на тивок, сериозен и често загрижен човек. Тој никогаш не зборувал за своето детство и ги избегнувал сите прашања за неговиот благ германски акцент. „Имаше нешто поинакво кај него, сенка која секогаш ја чувствував, но не можев да ја објаснам“, вели синот.
Фотографиите во куферот прикажувале свет кој му бил целосно непознат: луксузни куќи, автомобили со возач, мермерни скалила, слуги. На една од сликите, малиот Петер се насмевнувал со своите соученици, додека во позадина се веело нацистичко знаме.
Богато семејство кое војната го збришала
Неговото истражување го довело Ентони до приказна заборавена од историјата. Неговиот прадедо, Хајнрих Ајзнер, бил еден од најбогатите германски индустријалци на почетокот на 20-тиот век. Тој бил сопственик на „Ханше Верке“, индустриски гигант кој произведувал челик за германската војска. Семејството живеело во палата во центарот на Берлин и било дел од европската еврејска елита. Но, сè се срушило со доаѓањето на Хитлер. Во 1938 година, компанијата им била запленета од нацистите и продадена за симболична цена на концерн чиј директор бил член на нацистичката партија.
Издаден од семеен пријател
За да го спаси својот имот, дедото на Ентони, Рудолф Ајзнер, се обратил кај својот пријател Мартин Хартиг, на кого му ги препишал куќите и уметничките дела. Се надевал дека ќе ги врати по војната. Но, Хартиг никогаш не ги вратил. Документите откриени во германските архиви покажуваат дека се работело за „присилни продажби“, типични за нацистичкиот период.
Бегство од Германија и почеток на нов живот
Во 1938 година, семејството избегало од Германија, губејќи сè што поседувало. Рудолф починал во 1945 година, скршен од загубата. Неговиот син, Петер (таткото на Ентони), го променил своето име во Питер Истон, се преселил во мал стан во Англија и никогаш повеќе не зборувал за своето минато, носејќи ја траумата во себе до крајот на животот.
Враќање на името
Меѓу документите во куферот, Ентони пронашол и траги од изгубени уметнички дела. По години истражување, тој успеал да лоцира неколку слики, вклучувајќи го и импресивното дело „Железарница“ (Eisenwalzwerk) од Ханс Балушек, кое сега се наоѓа во музеј во Берлин, кој потврдил дека ќе го врати на наследниците.
„Мене парите не ми се важни, важни ми се луѓето. Важно е да дознаам кои биле баба ми и дедо ми и зошто биле принудени да бегаат“, вели Ентони.
Иако тој повеќе не може легално да го врати огромниот имот, успеал да го врати она што е поважно – семејното име. Во август 2024 година, неговата сестра родила момче на кое му го дала името Каспијан Ајзнер, во знак на сеќавање на изгубеното семејство. Стариот куфер не криел само пари, туку ја криел вистината која конечно го ослободила семејството од сенката на минатото.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден