
Радичевски и Јахиј во битка за градоначалничкото место
Според резултатите на Државната изборна комисија (ДИК) од 100 проценти обработени избирачки места, во водство по првиот круг е Стојанчо Радичевски од коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ со освоени 2.943 гласови (38,90%). Негов противкандидат во вториот круг ќе биде Аркин Јахиј од Националната алијанса за интеграција (НАИ) предводена од ДУИ, кој освоил 2.152 гласови (28,45%).
-
La Linea v8
699 ден
524.25 ден
Трет по бројот на освоени гласови е Јакуп Хусеини од коалицијата ВЛЕН со 1.528 гласови (20,20%), а по него следуваат Јовица Радески од коалицијата предводена од СДСМ со 706 гласови (9,33%), како и независните кандидати Душан Богдановски со 55 гласови (0,73%) и Арифе Идризи со 21 глас (0,28%).
Излезност над 46 проценти и причини за изборите
На гласањето во Брвеница своето избирачко право го искористиле 7.565 граѓани, што претставува излезност од 46,56% од вкупно 16.256 запишани гласачи во Избирачкиот список. ДИК регистрираше и 160 неважечки гласачки ливчиња, што претставува 2,12% од излезените гласачи.
Предвремените избори во општината се спроведуваат откако на 23 јуни 2026 година ненадејно почина дотогашниот градоначалник, 58-годишниот Јовица Илиевски, кој функцијата ја извршуваше како кадар на ВМРО-ДПМНЕ.


