во

СТРАШНО НЕВРЕМЕ ВО КОЧАНИ: Силен ветер и пороен дожд блокираа магистрални патишта, градот остана без струја!

Силно невреме проследено со оркански ветер и обилен дожд го зафати Кочани и околината, предизвикувајќи прекин на електричната енергија, поплавени сообраќајници и целосна блокада на магистралните патни правци.

Според првичните информации, невремето кое започна нешто по 20 часот остави делови од градот во мракот, додека сообраќајот на правците Кочани–Штип и Кочани–Делчево е во целосен прекин поради големи наноси, искршени гранки и паднати дрвја на коловозот. Блокиран е и излезот кон Виница кај училиштето „Гошо Викентиев“, додека булеварот „Тодосија Пунов“ е потполно непрооден поради огромни количини вода во кои заглавија неколку возила.

Итни екипи на терен и расчистување на штетите

Супер Попуст -25%

На терен со полна пареа интервенираат екипите на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) и полициските службеници, кои ги расчистуваат сообраќајниците и им помагаат на граѓаните. Оштетените дрвја и гранки се забележани на десетици локации низ градското подрачје, а надлежните апелираат на крајна претпазливост и избегнување на движење додека траат санациите.

„Невремето предизвика сериозни проблеми во нормалното функционирање на градот, а екипите остануваат на терен се до целосно оспособување на патиштата и снабдувањето со струја.“

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ИЗБОРЕН ДРАМАТИЧЕН СВРТ НА ИСЛАНД: Опцијата „против“ премина во минимално водство на референдумот за ЕУ!

ОФИЦИЈАТЕЛНА ПОТВРДА ОД ШИН БЕТ: Синот на Бенјамин Нетанјаху итно евакуиран поради сериозна безбедносна закана!